Во фоајето на Музејот на македонската борба, вечер ќе се одржи модна ревија насловена „Модните трендови и културата на живеење од ’ала франга’ до современа мода“.
Организатор на ревијата е НУ Музеј Куманово во соработка со Музејот на македонската борба – Скопје.
– Преку фотографии и оригинални примероци ќе биде презентирана облеката кај старите кумановски семејства од почетокот на 20 век, а настанот ќе продолжи со модели од современи модни креатори кои се инспирирале од европската мода ала франга од овој период.
Публиката ќе може да ги види креациите на Ненад Секирарски и Александар Рашковиќ. Дел од модната ревија ќе биде и концертот на квартетот флејти Аулос.
Ревијата се одржува во рамки на одбележувањето 10 години од Форумот на словенски култури – организација чија цел е промоција на науката, уметноста и културата на словенските земји во Европа, соопшти Музејот на македонската борба.