Ресана бисквитите и чоколадните банани ја прават оваа торта со интересен вкус и многу колоритна …
Потребно е:
1 л млеко
3 кесички пудинг од ванила
17 лажици шеќер
150 гр бело млечно чоколадо
250 гр путер
150 гр шеќер
300 гр мелени плазма бисквити
600 гр Ресана бисквити
130 гр чоколадни крем банани
150 гр шлаг во прав
Подготовка:
– Одвоите малку од млекото и во него изматете го прашокот за пудинг.
– Остатокот од млекото заедно со шеќерот ставете го на рингла и кога ќе почне да врие додадете го разматениот пудинг и варете со постојано мешање додека да се згусне.
– Во врелиот пудинг веднаш додадете го чоколадото и мешајте со дрвена лажица додека не се растопи. Тргнете го сварениот пудинг на страна и со повремено мешање оставете го да се излади.
– Путерот пенесто изматете го со 150 гр шеќер, полека додадете го во пудингот и убаво изматете го со миксер. Додадете ги мелените бисквити и повторно измешајте.
– Ресана бисквитите исечете ги на четвртинки, чоколадните банани на ситни коцкички. Додадете ги во смесата. Убаво измешајте да се соединат сите состојки.
– Вака подготвената смеса ставете ја на округла чинија за сервирање и со раце обликувајте во форма на торта. Ставете ја во фрижидер да се излади и стегне.
– Тортата извадете ја од фрижидер, украсете ја со изматениот шлаг и повторно вратете ја во фрижидер. Украсете ја по желба пред да ја сервирате.