Рекордно намалено уништувањето на шумите во Амазонија

Од:

Бразил има со што да се пофали на преговорите за климатски промени, кои оваа недела започнаа во Доха, а тоа е дека уништувањето на најголемите дождовни шуми во светот се намалува и тоа со рекордно темпо.

Според вчера објавените податоци од бразилското Министерство за животна средина, во периодот меѓу август 2011 и јули 2012 година во Амазонија се уништени површини од 4.656 километри квадратни, што е намалување од 27 отсто во споредба со истиот период една година претходно.

Тоа значи дека „чистењето“ на амазонската џунгла е намалено до најниско ниво од почетокот на мониторингот во 1988 година. Податоците покажуваат дека уништувањето се намалува веќе четврта година по ред.

Експертите, сепак, предупредуваат дека ваквите информации, добиени од сателити, треба да бидат потврдени од набљудувања на земјата, бидејќи дрвосечачите и земјоделците експлоатираат помали но помногубројни делови од џунглата, со цел да ги избегнат лоцирањата од воздух.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска