Рекордена посетеност на виенскит дворец Шенбрун во 2012 година

Од:

Дворецот Шенбрун во Виена во моментов е поомилен за туристите од кога било претходно, бидејќи во 2012 година регистрира 2,8 милиони посетители, што е рекорден број посетители за најомилената австриска туристичка дестинација.

Со ова е забележен раст во посетеноста од шест отсто во однос на 20112 година.

Новитет во 2013 година се двата нови дворци во сопственост на компанијата „Дворец Шенбрун“: дворецот Хоф и дворецот Нидервајден, кои сега и припаѓаат на оваа компанија.

Во сопственост на „Дворецот Шенбрун“ се и Царските апартмани, Музејот Сиси и Сребренетаа комора во Хофбург.

Во 2013 година во план е и санација на Куќата на палмите,  како и реставрација на Милионската соба во Шенбрун.

Рекордниот број посетители на дворецот Шенбрун е постигнат, меѓудругото, и благодарение на новиот Центар за посетители и по реставрацијатана Големата галерија.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска