Рекордeн раст нa приходите на Нетфликс

Од:

Американската платформа Нетфликс забележа рекордно зголемување на бројот на претплатници во првото тримесечје годинава, според податоците на, можеби, најпопуларниот стриминг-сервис во светот.

Приходот на компанијата во првите три месеца од 2020 година, изнесува 5,77 милијарди долари. Тоа е за 1,25 милијарди повеќе во споредба со првиот квартал од 2019 година и 300 милиони повеќе во однос на четвртото тримесечје лани.

Според познавачите, растот посебно се должи на кризата со новиот коронавирус и тоа што луѓето мораат да се изолираат во своите домови.

Нетфликс пријави и раст на претплатата – на 15,77 милиони профили.

Би можело да ве интересира

Нетфликс повторно ги зголемува цените

Објавен трејлерот за серијата „Гризелда“: Софија Вергара во улога на нарко кралицата

Предраг Петровиќ

„Нетфликс“ планира да направи своја верзија на „Војна на ѕвездите“

Кевин Спејси треба да плати 31 милион долари поради своето недолично однесување

Ана Ололовска

„Војска на крадци“ најгледан филм на Нетфликс

Ана Ололовска

Нетфликс ќе се насочи кон вложување во видеоигри

Жарко Настоски