Нетфликс повторно ги зголемува цените

Од:

Нетфликс ги објави новите покачувања на цените во своето последно писмо до инвеститорите.

„Како што го подобруваме Нетфликс, повремено ќе бараме од нашите корисници да платат малку повеќе за да го оправдаат овој напредок, што пак ќе донесе нови инвестиции и подобрувања на нашите услуги“, велат од компанијата.

Нетфликс лансираше верзија поддржана од реклами во ноември 2022 година, а почна да се бори и со споделувањето лозинки.

На почетокот на месецов објавија дека имаат 23 милиони активни корисници во рекламниот сегмент, што според прогнозите на експертите е меѓу 12 и 15 милиони што се рекламираат.

Инаку, Нетфликс има повеќе од 260 милиони претплатници ширум светот, а цената за рекламниот сегмент во САД чини 6,99 долари и не е зголемена откако е воведен.

Нетфликс во писмото до инвеститорите не наведува колку планира да ги зголеми цените ниту за кои региони се однесува, па прашање е дали ќе важи и за Македонија. Во секој случај, можно е во секој момент да се воведе поскапување за овој регион.

Би можело да ве интересира

Објавен трејлерот за серијата „Гризелда“: Софија Вергара во улога на нарко кралицата

Предраг Петровиќ

„Нетфликс“ планира да направи своја верзија на „Војна на ѕвездите“

Кевин Спејси треба да плати 31 милион долари поради своето недолично однесување

Ана Ололовска

„Војска на крадци“ најгледан филм на Нетфликс

Ана Ололовска

Нетфликс ќе се насочи кон вложување во видеоигри

Жарко Настоски

Се дополнува актерската екипа на најскапиот филм на Нетфликс

Ана Ололовска