Рекорден број туристи во Јапонија во април, Фукушима веќе не предизвикува страв

Од:

Во Јапонија во април е забележен рекорден број од 1,23 милиони странски посетители, така што Фукушима веќе не претставува причина за двоумење кај туристите од цел свет дали да ја посетат земјата на изгрејсонцето, објави Јапонската национална туристичка организација (ЈНТО).

Бројот на странски гости во Јапонија во април беше поголем за 33,4 отсто во однос на истиот месец минатата година, и воедно претставува најголем број на месечно ниво по март 2013 година кога оваа земја ја посетија 1,05 милион странски туристи, како и по јули 2013 година, кога нивниот број изнесуваше 1,03 милион, пренесуваат француските медиуми.

Според податоците на ЈНТО, во април во Јапонија престојуваа околу 190.600 Кинези, што е речиси двојно повеќе отколку во април 2013 година.

Од септември 2012 до 2013 година, имаше помалку кинески туристи заради дипломатскиот спор меѓу Токио и Пекинг околу ненаселените острови во Јужно Кинеско Море. Тензии постојат и денеска, но туристите од Кина сепак во Јапонија пристигнуваат во се поголем број, истакнуваат од ЈНТО.

Бројот на гости од Јужна Кореја опадна за пет отсто, на 194.000, што, исто така, се должи на извесните политички тензии меѓу Сеул и Токио.

Бројот на туристи од Тајван во април порасна за 30 отсто, на речиси 260.000, а повеќе посети се забележени и од Малезија, Филипини, Тајланд.

Растот на бројот на туристи беше послаб кога станува збор за Западна Европа, иако од некои земји од овој регион во набљудуваниот месец во Јапонија пристигна значително поголем број туристи, како на пример од Франција (17,7 отсто).

Во 2013 година Јапонија регистрира околу 10 милиони туристи, а за периодот до 2020 година оваа земја планира двојно да го зголеми бројот на странски посетители, на околу 20 милиони, за што ќе придонесат и Летните олимписки игри во Токио, истата година.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска