Реалистичните скулптури низ Њујорк – нова туристичка атракција

Од:

Њујорк од ова лето има нова атракција – реалистичните скулптури на Стјуард Џонсон во природна големина, во кои е вклучена и фигурата на Мерилин Монро, но и на обични луѓе зафатени со секојдневните активности.

Фигурите ќе бидат поставени во Гармент дистриктот на Менхетн, но и на Бродвеј.

Како што пишуваат американските медиуми, фигурите се толку реалистични што луѓето често пати застануваат да проверат дали станува збор за жив човек.

Личниот тренер Констанца Ролдан мораше да ја допре скулптурата на жената со преполни кеси да се увери дали станува збор за фигура.

-Стварно е кул, рече таа. „Погледајте и ги рацете, делуваат така реално“.

Инсталацијата на Џонсон опфаќа 18 бронзени скулптури, вклучувајќи ги и оние кои се изработени врз основа на познатите импресионистички слики. Скулптурите убаво се вклопуваат во забрзаниот ритам на градот. Ова е најголемата јавна инсталација на Џонсоновиот труд во Њујорк.

-Се надевам дека Њујорчани на момент ќе застанат (кога ќе ја видат фигурата) – дали заради тоа што не се  сигурни дека е вистинска или затоа што ги потсетува на нешто познато, рече тој.

Овој 85-годишен уметник е внук на Роберт Вуд Џонсон, еден од основачите на компанијата „Џонсон и Џонсон“ и основач на паркот „Основа за скулптура“ во Њу Џерси каде се изложени стотитици големи современи скулптури.

На Менхетн се изложени две негови интерпретации на славни фотографии – Мерилин Монро која го држи белиот фустан и бакнежот на морнарот и медицинската сестра на Тајмс сквер на Денот на победата.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска