Лососот е риба богата со омега-3 масни киселини и секогаш треба да го подготвувате со задоволство …
Потребно е:
600 гр лосос
200 мл маслиново масло
за маринадата:
сол, бибер
рузмарин
маслиново масло
2 подолги тиквички
Подготовка:
– Раженчињата од лосос најдобро е да ги направите од најдобриот дел од лососот – таму каде што лососот е најдебел (видете ја сликата). Ако сте купиле готов филе од лосос тогаш внимателно извадете ја кожата и сите коски.
– Лососот исечете го на ленти, па на коцки со димензија 4х4 см. Коцките лосос ставете ги во еден сад и посипете ги со сол и бибер и оставете ги да стојат 20-30 минути.
– Тиквичките убаво измијте ги и исечете ги на тенки ленти. На крајот на секоја лента ставете по една коцка лосос и замотајте ги како ролат. Оставете ги да стојат 30-тина минути.
– Потоа набоцкајте ги на дрвени стапчиња за раженчиња и ставете ги да се печат на скара или пак на грил тава, отприлика околу 3 минути од секоја страна.
– Послужете ги топли. Може да ги посипете со малку маслиново масло.