Домашниот гроздов маџун е природен производ добиен од гроздовиот сок на најквалитетните видови винова лоза од македонското поднебје. Содржи гроздов и овошен шеќер, витамини од В групата (В1, В2, В3, В6) и С витаминот, минерали (K, Na, Ca, P, Fe), танини, флавоноиди, органски киселини.
Се користи како сладило и зајакнувач на имунитетот, потоа добар е за анемии, проблеми со црниот дроб и дишните патишта. Се користи и за регулирање на прекумерната тежина. Маџунот е 100% природен производ без додаток на шеќер, адитиви и конзерванси.
Потребно е:
1 чаша (од 250 мл) вода
1 чаша шеќер
1 чаша маџун
3 чаши брашно
1/2 чаша зејтин
1 рамно лажиче сода бикарбона
100-150 гр ореви, сецкани
сусам, за посипување
Подготовка:
– Сите состојки ставете ги во еден сад и убаво изматете ги.
– Смесата сипете ја во тава обложена со хартија за печење и посипете со сусам.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути. Проверете со чепкалка за заби дали е печено тестото. Ако чепкалката ја извадите сува тогаш тестото е печено и извадете го од рерна.
– Оставете да се излади, исечете ја на парчиња и послужете.