Расел Кроу по 4 и пол часа спасен од море

Од:

Познатиот актер, Расел Кроу беше спасен од крајбрежната стража на САД.

Кроу се загубил во водите на Лонг Ајленд во Њујорк.

Оскаровецот Кроу со својот пријател со кајак тргнал од пристаништето Колд Спринг кон Лонг Ајланд попладнето, но кога се стемнило тие двајцата се изгубиле. Тие биле пронајдени 16 километри источно од местото каде требале да пристигнат. Крајбрежната стража патролирала кога го слушнала Кроу како ги повикува.

„Му требаше само мала помош. Тоа не беше право спасување, само подавање на рака“, изјави претставникот на крајбрежната стража.

Актерот не е повреден, оти носел појас за спасување.

Кроу на својот Твитер профил изрази благодарност до крајбрежната стража и објави дека во вода бил четири часа и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата