Рапидно расте бројот на бодликави морски ѕвезди кои се хранат со корали

Од:

На Големиот Корален Гребен крај источниот брег на Австралија рапидно расте бројот на бодликави морски ѕвезди кои се хранат со корали, сметаат научниците, по што Владата најави акција за нивно истребување.

Морските ѕвезди грабливки се хранат со коралите така што се шират преку нив и потоа лачат посебни ензими за нивно разградување.

– Секоја морска ѕвезда ноќе јаде количество голема колку своето тело, и тоа со тек на време значително се зголемува. Многу од коралите ќе исчезнат, истакнува научникот од австралискиот Институт за поморска наука, Хју Свитман.

Тоа би било голем удар и врз екосистемот и за австралискиот туризам.

Големиот Гребен, долг 2.000 километри, е всушност најголемиот корален гребен на светот и се наоѓа во Коралното Море, близу брегот на австралиската сојузна држава Квинсленд.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска