Едноставен и брз за подготовка, совршенство на вкус и мирис …
Потребно е:
500 гр мешано мелено месо
2 чили пиперки
2 главици кромид
2 чешниња лук
2 поголеми компири
2 лажици путер или маргарин
1 лажица слатка црвена мелена пиперка
250 мл супа од коцка
150 гр грашок, смрзнат
кари во прав
мелен сув зачин
бибер
Подготовка:
– Чили пиперките, лукот и кромидот ситно исецкајте ги. Комирите исецкајте ги на коцки.
– Месото убаво пропржете го на растопен путер. Додадете го сецканиопт кромид и пржете уште малку. Потоа додадете го сецканото лукче, па чили пиперките и зачинете по вкус со чили во прав и мелена црвена пиперка. Динстајте уште малку.
– Сега сипете ја супата од коцка и кога ќе проврие додадете ги исецканите компири.
– Варете го јадењето на тивко уште 20-тина минути. Додадете мелен сув зачин по вкус.
– Додадете го и грашакот и варете го рагуто додека не се свари грашокот.
– Пред да го послужите посипете со бибер.