Путин препорачува летување на Крим

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изрази желба ова лето руските функционери масовно да летуваат на Крим.

Германското списание „Фокус“ објави дека директор на една руска туристичка агенција по тој повод испратил препораки до јавните институции и компании.

Руските власти се обидуват да го спречат колапсот на туризмот на поранешниот украински полуостров, па Путин ги охрабрува вработените во јавниот сектор во што поголем број да резервираат аранжма ни брегот на Црното Море.

Од осум милиони туристи, кои секоја година летуваа на Крим, 75 отсто биле Украинци. Од анектирањето на Крим кон Русија, минатиот март, туристите од Украина ја избегнуваат оваа дестинација.

„Фокус“ наведува дека Московската област, Република Чеченија и државните претпријатија „Газпром“ и „Росњефт“ веќе издвоиле финансиски средства за испраќање на вработените во летувалиштата на Крим.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска