Путер погача

Од:

Мека е, мирислива, се топи во уста …

Потребно е:
20 гр свеж квасец
200 гр кисело млеко
100 мл млака вода
2 лажичиња шеќер
1 лажиче сол
3 јајца
2 жолчки
750 гр бело брашно
200 гр путер

Подготовка:
– Во еден сад разматете го квасецот во вода и додадете шеќер. Садот ставете го на топло и оставете го да стаса.

– Изматете го путерот и оставете го на страна.

– Во подлабок сад ставете го брашното и додадете ги киселото млеко,  јајцата, жолчките, солта и на крај стасаниот квасец. Со миксер (со додатоците за тесто) замесете тесто. Тестото покријте го со крпа и оставете го на топло место за да нарасне, околу 1 час.

– Потоа ставете го на набрашнета работна површина и посипете го со брашно. Повторно премесете го и поделете го на 6 делови.

– Секој дел премесете го и со сукало развлечете ги во форма на круг и дијаметар 30-35 см.

– Секој круг премачкајте го со путер и наредете ги еден преку друг. Последниот круг не го премачкувајте со путер. Сега повторно со сукало истенчете ги со дијаметар 45-50 см и исечете ги на 16 триаголници. Секој триаголник замотајте го како кифличка.

– Тавата со дијаметар од 26 см премачкајте ја со путер и посипете со брашно. Наредете ги кифличките една до друго по краевите на тавата. Потоа сите празни места исто пополнете ги со кифлички.

– Оставете да стои 20-тина минути, потоа погачата премачкајте ја со разматени белки и посипете со црн и бел сусам.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска