Овој пудинг од пченкарно брашно по вкус малку потсетува на проја, само што е помек од неа …
Потребно е:
1 л млеко
250 гр пченкарно брашно
4 јајца
100 гр путер
500 гр сирење
50 гр растопен кајмак
сол, по вкус
Подготовка:
– Ставете го млекото да се вари и кога ќе почне да врие полека почнете да го додавате пченкарното брашно со постојано мешање за да не се создадат грутки. Сварениот качамак тргнете го на страна и оставете го да се излади.
– Во изладениот качамак додадете ги 4-те разматени жолчки, путерот, изренданото сирење и на крај додадете ги претходно изматените белки во густ шлаг. Додадете и сол по вкус само внимавајте затоа што сирењето е солено.
– Калапите премачкајте ги со путер и сипете ја корната смеса рамномерно во сите калапи, но внимавајте да не ги преполните.
– Растопете 50 гр кајмак и прелијте го преку смесата во калапите.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 165 целзиусови степени околу 1 час. На крај проверете со чепкалка за заби дали се печени.
– Послужете ги топли со кисело млеко како додаток.