„Птицата со граната“ на Бенкси продадена за 170.000 евра

Од:

Сликата на платно „Птица со граната“ на мистериозниот британски уличен уметник Бенкси е продадена на аукција во Холандија во четвртокот, за 170.000 евра.

Како што соопшти аукциската куќа Хесинк во Ѕволе, делото од 2002 година, го купил неименуван холандски колекционер. Платното претходно беше во сопственост на колекционерот Џејми Вуд, син на гитаристот на „Ролинг стоунс“ – Рон Вуд.

Според фотографијата објавена од аукциската куќа, станува збор за слика на птица со граната во клунот. Уметничкото дело е насликано со нанесување боја со спреј.

Идентитетот на Бенкси останува непознат. Се знае само дека е од Бристол, југозападна Англија, и дека кон крајот на 1990-тите се преселил во Лондон. Славата ја стекна со општествено критички и претежно контроверзни графити кои се појавуваа без претходна најава. Меѓу неговите омилени теми беа бездомништвото, животот и потрошувачката, имигрантите, а сега и кризата со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска