Вкусно предјадење лесно за подготовка …
Потребно е:
2 варени јајца по човек
20 гр путер
1 лажиче мелена црвена пиперка
1 лажиче лута црвена пиперка
1 лажиче суво нане
1 младо кромидче, ситно сецкано
сол
Подготовка:
– Прво сварете ги јајцата, оставете да се изладат, излупете ги и исечете ги на пола по должина.
– Во тава на рингла ставете го путерот и оставете да се растопи. Додадете ја благата мелена пиперка и ставете ги јајцата со исечената страна од доле. Прелијте ги малку со растопениот путер и пиперка, посипете со лутата мелена пиперка, сол, суво нане и пржете ги 2-3 минути.
– Пред да ги послужите посипете ги со сецкан млад кромид.