Пржени ќофтиња од компири

Од:

Вкусни прженици од компири, како додаток на главно јадење или пак како главно јадење со салата. Најтешкиот дел од нив е рендањето.

Потребно е: 
2 кг компири, излупени и изрендани
1 голема главица кромид, изрендана
2 јајца, изматени
1 лажица нишесте (густин)
100 гр лебни трошки
сол и бибер
масло за пржење

Подготовка: 
– Компирите изрендајте ги, ставете ги во чинија и потопете ги во ладна вода.

– Кромидот изрендајте го и исцедете го преку цедалка или газа.

– Истото направете го и со компирите. Убаво исцедете за да нема ни малку течност.

– Во длабок сад ставете ги компирите, кромидот и додадете ги јајцата, лебните трошки, зачинете со сол и бибер и ставете го нишестето. Треба да добиете еднолична смеса.

– Од неа, земете мали топчиња, стиснете ги меѓу дланките и формирајте мали сплескани ќофтиња за да исцедите вишок течност.

– Ставете ги да се пржат во претходно добро загреано масло. Пржете додека да поруменат од сите страни.

– Пржените ќофтиња редете ги на чинија обложена со салфетки за да ја впијат вишокот маснотија.

– Сервирајте.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска