Една многу интересна идеја за појадок. Вистински погодок за вегетаријанците, но и одлично изненадување за домашните како појадок.
Потребно е:
јајца
разнобојни пиперки, исечкани на тркалца
неколку свежи шампињони, исечкани на ливчиња
неколку чери домати, исечкани на тркалца
Подготовка:
– Во тавче за пржење ставете малку масло да се загрее на средна температура.
– Ставете ги пиперките и во нив ставете парчиња шампињони и патлиџанчиња.
– Потоа, скршете јајце во секое тркалце и оставете да се испржи јајцето. Ако белката се растече од страните, со вилушка соберете ја кон внатре.
– Кога белката ќе стане бела, а жолчката ќе биде скоро готова, извадете ги и сервирајте ги.
– Ако жолчката ви е многу течна, довршете ги во микробранова печка дополнителни 20 минути, со тоа што може да додадете парчиња моцарела или друг кашкавал/сирење.
– Од горе, посипете ги со малку буковец или бидете оригинални и направете домашна ароматизирана сол.