Прво преполовување на Пацификот со едрилица во историјата

Педесет и двегодишниот Јапонец, Мицихуро Ивамото стана првиот човек во историјата кој со едрилица успеа да го преплови Тихиот Океан – од САД до Јапонија.

Ивамото со својата едрилица, долга 12 метри, исплови од Сан Диего во американската сојузна држава Калифорнија и по два месеци пристигна во јапонскиот град Фукушима, минувајќи 14.000 километри.

На ова патување достојно за Гинисовата книга на рекорди, Ивамото бил придружуван од неговиот пријател, Американецот Даг Смит.

Ова не е прв обид на Ивамото да го премине Пацификот. Тој во 2013 година исплови од САД кон Јапонија, но во близина на јапонскиот брег кит удри во неговата едрилица, нанесувајќи и сериозни оштетувања, поради што не успеа да ја доврши својата мисија.

Инаку, интересно е тоа што Ивамото на 16-годишна возраст го губи видот. Откако ја надминал депресијата поради слепилото, Ивамото почнал да се занимава со морепловство и трчање.

Тој се надева дека со ова свое постигнување ќе успее да собере средства за помош на слепите лица и ќе покаже дека „се е можно кога луѓето ќе се здружат“.

Би можело да ве интересира

Што ако останете без пасошот во странство?

Куќа за еден долар близу езерото Комо

Ана Ололовска

Дубаи воведе бесплатна дозвола за купување алкохол

Ана Ололовска

Тиркизното езеро својата убава боја ја добива од отпад

Ана Ололовска

Се продава „рајскиот остров“ на Пабло Ескобар

Ана Ололовска

Улицата на „црвените фенери“ во Амстердам на друга локација

Ана Ололовска