Пропаѓа планот на Маск за заминување на Марс

Од:

Илон Маск ,основачот и директор на „Тесла Моторс“ и „Спејс-Екс“, соопшти дека неговото летало „Старшип“ е оштетено поради силните ветрови во Тексас и дека за санација ќе бидат потребни неколку недели.

На социјалните мрежи набрзо беше објавена фотографија на која се забележуваат сериозни оштетувања во предниот дел на леталото.

Маск во декември минатата година го најави „Старшип“ – новото име на огромната ракета што претходно беше позната како „БФР“, а треба да пренесува патници во Вселената, околу Месечината, па се до Марс.

Тогаш, беше објавено дека само „носот“ на ракетата има неколку катови, како и дека леталото ќе има 18 нивоа.

„Старшип“ е тест верзија на оригиналното летало направена за пробни лансирање и не станува збор за вселенски брод што ќе лета во Вселената, туку за летало што може да полета вертикално, до висина од околу пет километри.

Би можело да ве интересира

Маск: Ако го затворам Старлинк, Украинците ќе пропаднат

ВИДЕО: Експлодираше Starship на Маск, предизвика хаос со летовите на неколку аеродроми

Маск: Треба да му се понуди амнестија на Зеленски

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Русите и Американците ќе продолжат заедно да летаат во вселената