Со новите сателитски снимки направени во Горен Египет, експертите откриле два комплекси со необични групации, со интересни карактеристики и ориентација, а според археологот Анџело Микола, тие би можеле да бидат изгубените пирамиди.
Како што вели „Слободна Европа“ потенцијалните пирамиди се одалечени помеѓу себе околу 150 километри.
На првата локација во Горен Египет, 19 километри од градот Абу Сидума, кој се наоѓа на брегот од реката Нил, се пронајдени 4 насипи, а секој од нив имал триаголна форма. Двата поголеми се широки околу 75 метри, а помалите околу 30 метри.
„Кога ги анализиравме подобро, сфативме дека насипите имаат рамен врв и триаголна форма, а со текот на времето се прилично уништени“, соопшти Микол.
Околу 150 километри северно, во близина на оазата Фајум, пронајден е друг потенцијален комлекс од четириаголни пирамиди широки околи 45 метри.
„Тие имаат многу силно изразен четириаголен центар, што е невообичаено за оваа големина, но кога се гледа од воздух изгледаа како пирамиди“.
Во овој комплекс, кој се наоѓа од само 2,5 километри од античкиот град Димаија, се наоѓаат уште три помали насипи со прилично сочувана форма, дијагонално поставени како пирамидите во Гиза.
„Бојата на пирамидите е темна, слична на оние во Димаија, кои се направени од кал и камен“ додаде Микола.
Научниците веруваат дека со помош на инфрацрвената светлина ќе бидат во можност да ја видат вистинската големина на откриените комплекси и да откријат повеќе детали. На местото се испратени египтолози и археолози за понатамошни истражувања.