Научници од Универзитетот Јејл создале вакцина против СИДА-та, која делува кај животните.
– Според нашите резултети, мислам дека постојат големи шанси оваа вакцина да биде корисна и за луѓето, тврди главниот научник Џон Роуз.
Ова достигнување е резултат на шестгодишно истражување. Целиот период Роуз и неговиот истражувачки тим настојувале да создадат пренослив систем или вектор, користејќи ги вообичаените вируси.
Го создале системот, познат како „Весикулар стоматитис вирус“ (ВСВ). кој ги штити животните од грип и големи сипаници.
Во најновиот извештај, кој беше објавен во „Сил Журнал“ научниците истакнуваат две нови студии кои покажуваат дека ВСВ векторот, кодиран со протените на ХИВ, ги заштитува мајмуните од СИДА, кои се заразени со хибриден човечки и мајмунски ХИВ вирус.