Пронајден скелет на најдревниот исправен мајмун

Од:

Остатоци од скелет на древен мајмун говорат дека предците на денешните луѓе почнале да стојат исправено милиони години порано отколку што досега говореа тезите.

Коските биле најдени во глинена јама во германската покраина Баварија. Меѓународниот тим научници наведува дека дел од фосилизираниот скелет му припаѓа на примат мажјак, кој живеел пред 12 милиони години во влажните шуми на југот на Германија, а коските се доста слични со оние на денешниот човек.

Новооткриениот вид е наречен Данувиус гугенмоси. Тој можел да оди на две нозе, но и да се искачува како денешните мајмуни.

– Ова откритие поставува фундаментални прашања околу нашето досегашно разбирање на еволуцијата на големите мајмуни и луѓето, истакна Маделин Боем, раководителка на археолошкиот проект.

Фред Спур, палеонтолог од лондонскиот Природонаучен музеј, вели дека новите наоди се возбудливи и ќе отворат многу дебати, оти начнуваат некои од постојните теории за еволуцијата.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска