Научниците пронајдоа парче килибар во кој може да се види како пајак напаѓа оса која се вплеткала во неговата мрежа.
Според зборовите на научниците, ова парче килибар, кој освен животните содржи и 15 нитки пајакова мрежа е прв ваков фосилен доказ кој некогаш е пронајден. Килибарот е ископан во еден рудник во Бурма, а староста му се проценува меѓу 97 и 110 милиони години, пишува Дискавери Њуз.
– Овој млад пајак се подготвувал да нападне паразитска оса, меѓутоа, во тоа не успеал. Оваа оса ненадејно се нашла заробена во пајаковата мрежа што е најголема ноќна мора за секоја оса, а оваа трае вечно. Го набљудувала пајакот кој се подготвувал за напад, но тогаш паднала смола од дрвото и двајцата ги заробила, рече Џорџ Пионар Јуниор, професор по зоологија на Универзитетот во Орегон.
Иако се пронајдени килибри со инсекти фатени во пајакова мрежа, ова е прв случај каде се гледа нападот на пајак на фатениот инсект.
Двата вида инсекти веќе се изумрени. Овој вид оси, латински се вика Cascoslelio incassus, припаѓа на семејството познато по паразитирање пајакови јајца.