Биолози од државниот Универзитет во Орегон објавија дека откриле нов вид растение, кое пред 15 милиони години останало заробено во килибар.
Биолозите објаснија дека фосилот е пронајден во една пештера во Доминиканската Република, во парче килибар заедно со мноштво инсекти.
Фосилот на цветот од семејството Астериди, најверојатно е претходничка на лозата растенија која брои повеќе од 80.000 видови меѓу кои се и компирот, доматите, тутунот, кафето и растението стрихинос.
Килибарот е откриен уште во 1986 година, а од тогаш научниците од него извадиле повеќе од 500 фосилизирани инсекти, но малку обрнувале вниманиет на растението.
– Примерокот на цветот е многу убав, идеално сочуван и датира од времето на топлите тропски шуми, рече Џорџ Поинар, коавтор на студијата и професор на колеџот во Орегон.