Промоција на „ЗОО Азбука“ и забава „School’s out” во Зоолошката градина

Од:

Во Зоолошката градина денеска напладне ќе биде промовирана „ЗОО Азбука“ – прва едукативна боенка и песнарка за животните што живеат во ЗОО Скопје.

На едночасовна забава со музика и боење ќе биде промовирано цеде со нови песнички и ќе бидат раскажани интересни приказни за животните.

Од 13 часот, пак, во Зоолошката градина ќе има уште еден забавен настан – „School’s out” на кој ќе се слави крајот на учебната година.

Посетителите ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со GP и Steffonator – Јутјуб-милениците на најмладите, а специјални гости ќе бидат танчарите од танцовото студио „Денсерс јунајтед МК“ кои минатиот месец во Италија освоија златен медал на Европското првенство во хип-хоп. Ќе има и подароци од пријателите и донаторите на Скопје ЗОО.

Би можело да ве интересира

ЗОО Скопје го слави 93-от роденден

Ана Ололовска

Голема роденденска забава во Зоолошка градина Скопје

Ана Ололовска

Скопската зоолошка градина ќе добие фламинга и пингвини

А1он

Мал штрк треба да се оперира за да се спаси, но никој не го пренесува во Скопје

Лавицата Акети и ему птици- нови жители на Скопје ЗОО

Ана Ололовска

„School’s out” забава во ЗОО Скопје со Стефонатор, ЏП и Денсерс Јунајтед

Ана Ололовска