Климатските недоследности, како што се долготрајни жештини, обилни врнежи, грмежи, како и наглата промена на времето, влијаат на крвнот притисок, како и на сексуалниот живот, коментираат бугарски лекари.
– Променливото време нѐ погодува најчесто во срцето, во крвотокот, па тоа, за жал, ги зголемува и срцевите проблеми. Особено луѓето со висок притисок треба да внимаваат и да ја следат својата здравствена состојба. Треба да се избегнува физичкиот напор, зашто тоа може да доведе до проблеми, смета д-р Катја Сунгарска.
Таа нагласува дека треба да се внимава и при влез и излез од климатизирани простории, што предизвикува често ненадејно слошување.
– Грмотевиците и горештините сериозно влијаат и на сексот… Ако сте под силен стрес и притисок, или се чувствувате тажно, лошото време само ќе ги засили тие чувства. Желбата за секс во голема мерка зависи од временските прилики. Бурите со грмотевици и врнежите го снижуваат либидото. Но, и екстремните горештини исто – поради сѐ тоа, луѓето избегнуваат физичка активност и блискост, изјави сексологот проф. Станка Маркова.
Така, советите да се избегнува алкохол и мрсна храна, се посебно важни за истакнување во периодов на екстремно променливото време, сметаат стручните лица.