Вака вкусна торта долго не сте пробале.
Состојки:
15 белки од јајца
20 лажици шеќер
200 гр мелени лешници
1 дл млеко
2 лажици брашно
1 кг јагоди
200 мл слатка павлака
200 гр путер
Подготовка:
Изматете ги белките со 10 лажици шеќер и додадете ги мелените лешници. Изматете ги жолчките со 10 лажици шеќер и додадете млеко и брашно,па направете го филот на пареа.
Во изладениот фил додадете го кремасто изматениот путер и мешајте додека добро да се соедини.
Наредете кора, половина од филот, исецкани јагоди, втората кора, втората половина од филот, остатокот од јагодите и на крајот усте една кора. Премачкајте ја тортата со изматена слатка павлака и декорирајте по желба.