Проекција на „Трето полувреме“ во Лос Анџелес

Од:

„Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски е меѓу десет кандидати за номинација за Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје кои ќе имаат специјални проекции во Лос Анџелес, од 1-ви до 7 ноември во рамки на Американскиот филмски маркет.

Филмот на Митревски ќе биде прикажан  на 4 ноември во 18 часот, во салата „Вилсир“ во Беверли Хилс.

–  Целта на прикажувањето е да им се даде максимален публицитет на филмските наслови и да се создаде простор за американска дистрибуција на филмовите. „Трето полувреме“ во трката за Оскар ќе се прикажува пред дистрибутерите и меѓународните купувачи, но и пред членовите на Американската филмска академија, информира Филмскиот фонд на Македонија.

Претставувањето на филмовите го организираат European Film Promotion и Програмата Media на Европската унија.

Годинава се пријавени рекорден број –  71 филм за номинација за Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје. Од нив ќе бидат избрани пет филма за официјални номинации.

Тие ќе бидат објавени на 10 јануари, а церемонијата на доделување на оскарите ќе се одржи на 24 февруари.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата