Продавниците за апликации на Гугл и Епл со рекорден број преземања

Од:

Корисниците симнуваат се поголем број мобилни апликации на своите смартфони со секое изминатото тримесечје и овој тренд ќе продолжи со полна сила и во 2018 година. Една од водечките причини е дека уредите дури од евтината класа веќе нудат барем 32ГБ внатрешна меморија, што е доволно да ги инсталирате вашите омилени игри и апликации.

Аналитичарите од „Еп Ени“ откриваат дека во првите три месеци од годинава се евидентирани рекорден број симнувања на мобилни апликации на глобално ниво,

Податоците покажуваат дека превземањата од „Гугл Плеј“ и „Еп Стор“ забележуваат 10% раст на годишна основа. Корисниците симнале од двете онлајн продавници над 27.5 милијарди апликации за периодот меѓу 1 јануари и 31 март. Износот што е платен за игри и други програми за Андроид и ајОС достигнува до 18,4 милијарди долари, што е за 22% повисока вредност во однос на првите три месеци од 2017-та.

Интересно е дека сопствениците на паметни телефони на Андроид имаат повлечено 135 отсто повеќе апликации, од оние кои користат ајОС.

Во првите три месеци од годинава од „Гугл Плеј“ се симнати над 19.2 милијарди апликации, додека оваа бројка кај „Еп Стор“ е 8.2 милијарди. Разликата во вредностите е за 10% пониска во споредба со резултатите од последните три месеци на 2017-та.

Сепак, онлајн порталот на Епл има регистрирано 85% повеќе приходи од „Гугл Плеј“ за истиот период.

Како заклучок ќе истакнеме дека просечниот корисник работи со околу 40 апликации на месец и поминува околу три часа дневно, за да работи или да се забавува со нив.

Би можело да ве интересира

Кој е крипто-бегалецот кој се крие во Србија: Контроверзен Кореец ја оштети индустријата за 40 милијарди долари

А1он

„Епл” сака да го отстрани „Твитер“ од продавницата „Ап стор”, Маск збесна

А1он

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Прв случај на вработени во малопродажбата на Епл да се приклучат на синдикатот

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска