Доколку сте авантурист и во можност да патувате, низ различни делови во светот постојат приватни острови кои можат да се изнајмат за уживање во природата.
Според изборот на Telegraph, ги претставуваме приватните острови низ светот што можат да се изнајмуваат.
1. Муша Кеј на Бахамите
Бизнисменот Џон Мелк го претвори овој остров во луксузно место, а сега се наоѓа во сопственост на Дејвид Коперфилд. Меѓу славните личности кои гостувале овде се Џон Траволта и Опра Винфри, а во овој Рај на Земјата може да се ужива во играњето тенис, различните водени спортови или на некоја од 40 плажи.
Островот може да се изнајми за 24.800 фунти за едно ноќевање во случај ако гостите претојуваат минимум 4 ноќи.
2. Тагомаго
Овој остров е достапен од 2008 година и неговото изнајмување за седум дена чини околу 86.311 фунти. Овој приватен остров бил привремен дом на бројни јавни личности, спортисти, политичари и актери.
Единствената опција за сместување е вилата во која има пет апартмани, базен, џакузи и LED осветлување што му дава изглед како атмосфера слична на Ибица.
3. Ли Гали
Овој остров со облик на делфин се наоѓа во Италија и во него имаат престојувано ликови како Грета Гарбо, Софија Лорен, Жаклин Кенеди и многубројни познати личности.
Сместувањето на островот има шест соби, базен и персонал што се грижи за потребите на гостите. Се изнајмува единствено по барање.