Принцот Вилијам со поголема популарност од неговите баба и татко

Од:

Принцот Вилијам, втор во линијата за наследство на британскиот престол е попопуларен од неговата баба, кралицата Елизабета Втора, како и од неговиот татко принцот Чарлс, кој зад синот заостануа за цели 20 проценти.

Според лондонскиот „Телеграф“, војводата од Кембриџ и кралицата Елизабета Втора убедливо се најпопуларни личности на британската политичка сцена. Од вкупно две илјади луѓе кои биле опфатени со анкетата ComRes, 68 отсто се изјасниле позитивно за младиот член на кралското семејство, а 63 отсто за неговата баба.

Принцот од Велс, таткото на Вилијам е многу зад нив 43 отсто гласови, но и понатаму е подобро рангиран од кој било од британските политичари.

За градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон се определиле 41 отсто од испитаниците, за британскиот премиер Дејвид Камерон 28 отсто, а Најџел Фараџ, лидер на европскептичната партија УКИП, 26 отсто.

Следува лидерот на лабуристите, Ед Милибанд, министерот за надворешни работи, Вилијам Хејг и шефот на британскиот трезор, Џорџ Озборн, кој во позитивно светло го гледаат околу една четвртина од испитаниците.

Според истражувањето изработено за потребите на дневните весници „Мирор“ и „Индипендент“, британскиот вицепремиер Ник Клег доби поддршка од 12 отсто од Британците.

Анкетата покажа дека и со 34 отсто од гласовите лабуристите моментално се нешто попопуларни од ториевците за кои позитивна оценка дадоа 32 отсто од испитаниците.

Најпопуларни британски вредности се слободата на говорот (48 отсто) и почитување на владеење на правото (34 отсто).

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он