Принцот Хари доживеа нервен слом

Од:

Принцот Хари доживеал нервен слом и е пренесен во болница, пренесуваат странските медиуми.

Магазинот „Глоуб“ објави дека состојбата на принцот се влошувала со годините, особено откако помина 10 години служејќи во војската, а капката која ја прелила чашата е одвојувањето од кралското семејство за да ја заштити сопругата Меган од британската јавност.

Тој и самиот во една прилика призна дека не сака на неговата сопруга да и се случи истото што и се случи на неговата мајка принцезата Дајана.

„Хари и сам признава дека не може да верува колку му се промени животот и светот му се преврте наопаку. Меган го присили да го отфрли неговото семејство и пријателите за таа да може да го следи својот сон и да стане холивудска актерка, но тоа се претвори во неговиот најголем кошмар“, изјавил изворот за „Глоуб“.

Принцот Хари во Лос Анџелес речиси и да нема пријатели и затоа се чувствува изгубено и осамено, додава изворот. Тој се среќава само со ѕвездите од „А-листата“ со кои Меган почна да се дружи за да напредува во нејзината кариера и да стане ѕвезда.

„Принцот и Меган се расправаат околу тоа како ќе изгледа нивниот живот во САД откако ќе завршат мерките поради коронавирусот, што го доведе до точка на пукање. Заврши во блиската болница за лечење на ментални болести. Слушнав дека боледува од пост-трауматско пореметување, кое е предизвикано од смртта на неговата мајка, а сегашната ситуација и траума поради одвојувањето од кралското семејство му ја влоши состојбата“, вели изворот.

Би можело да ве интересира

Меган Маркл и принцот Хари се договорија да тргнат по својот пат

А1он

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Принцот Хари е нервозен

Хари и Меган ѝ посакаа побрзо оздравување на принцезата Кетрин

А1он

Меган и Хари сакаат ново презиме за нивните деца

А1он

Меган Маркл подготвува голем проект