Принцот Хари: Британскиот печат ми го уништи психичкото здравје

Од:

Принцот Хари, според своето кажување, се повлекол од кралските должности затоа што британскиот печат бил „штетен за него“ и му го уништувал психичкото здравје.

Хари се обиде да биде искрен во емисијата „Лејт лејт шоу“ на Џејмс Корден. Двоецот притоа се возеше во двокатен автоус без покрив низ Лос Анџелес, а Хари, меѓу другото, му одговори на популарниот водител зошто ги напуштил кралските должности…

– Не се оддалечив од нив… Но, треба да го заштитам своето семејство. Го направив она што секој сопруг и татко би го направил – морав да го однесам семејството подалеку оттаму, појасни Хари.

Натаму, принцот уште еднаш нагласи дека, во суштина, тој не се оддалечил од кралското семејство.

– И, што се однесува до мене, јас никогаш нема да си заминам!, истакна тој.

Хари проговори и за серијата „Круна“. Имено, нему му е драго што серијата ја прикажува историјата на неговото семејство, но „не како вести“, и дека би сакал, во идните епизоди, него да го глуми Дејмијан Луис.

За време на возењето, домаќинот и принцот пиеја попладневен чај, па Хари му призна на Корден и дека знаел оти Меган е „вистинската“, на нивниот втор состанок. Гостинот откри и дека кралицата на својот внук Арчи му купила калап за вафли за Божиќ.

Би можело да ве интересира

Меган и Хари отворија нова веб-страница

Page Six: Војводата и војвотката од Сасекс моментално се разделени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Принцот Хари и Меган Маркл за малку ќе завршеа како принцезата Дијана: Папараците два часа ги бркаа низ Њујорк

Ана Ололовска

Децата на принцот Хари и принцезата Меган ќе ги носат титулите принц и принцеза

Кралот Чарлс ги покани Хари и Меган на крунисувањето: Двојката одби да потврди присуство на церемонијата

Уште една пресуда во корист на Меган Маркл

Ана Ололовска