Принцот Џорџ тајно бил на детско игралиште во Велингтон

Од:

Деветмесечниот принц Џорџ „скришно“ го потсети детското игралиште во Велингтон со неговата дадилка, додека неговите родители, војвотката и војводата од Кембриџ извршуваа службени должности, јавија новозеландските медиуми.

Малиот принц го посетил паркот и детското игралиште Франк Китс. Продавачот на сладолед Бери Лудлов вели дека единствено тој ги препознал.

Продал сладолед од ванила со парчиња чоколада на жената која ја препознал како дадилката на Џорџ и се пофалил дека принцот не е првата славна личност со која се сретнал.

– Често ми доаѓаат славни личносоти да купат сладолед, а јас ги третирам исто како и сите други, изјави тој.

Извор близок на кралското семејство потврди дека Џорџ го посетил паркот.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он