Принц Вилијам и Кејт очекуваат второ бебе?

Од:

Некогашната училишна пријателка на британската принцеза, Џесика Хај за австралиски весник изјави дека Кејт Мидлтон е бремена. Таа тврди дека сите кои се околу принцезата знаат за бременоста и е уверена дека набргу тоа јавно ќе биде објавено.

Бекингемската палата не ги потврдува, но и не ги демантира наводите, туку едноставно одлучи да не коментира.

Британски „Мирор“ сепак се сомнева во тврдењето на Џесика, бидејќи таа според нивни сознанија не е во најдобри односи со принцезата и наводно неколку години не зборувала со неа.

Но од друга страна стои фактот што Џесика неколку недели пред да биде објавено дека Кејт го очекува малиот принц Џорџ, им ја соопшти веста на медиумите.

Кејт и принцот Вилијам во јавност последен пат се видени на почеток на овогодинешниот Тур де Франс, кој оваа година започна со етапи во Велика Британија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он