Право богатство на вкусови …
Потребно е:
7 јајца
200 гр бадеми
200 гр ореви, мелени
200 гр шеќер
100 гр чоколадо за готвење
1 портокал
1 лимон
Подготовка:
– Во еден подлабок асад изматете ги рачно со маталка жолчките со шеќерот.
– Додадете ги сокот и изренданата кора од портокал и мелените ореви.
– Посебно рачно изматете ги белките. Додадете ги сокот и изренданата кора од лимон и мелените бадеми и полека измешајте со дрвена лажица.
– Во калап за торта, обложен со хартија за печење, најдоле ставете ја смесата со ореви, а потоа над неа смесата со лешници и израмнете.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 170 целзиусови степени 40-50 минути.
– Печената торта на крај прелијте ја со глазура од чоколадо.