Приказна што го шокираше светот: Го воспитувала 13 години, а потоа го завела, сега имаат бебе

Од:

Таа има 35 години, нејзиниот посинок Владимир е 14 години помлад, а тие се во врска од минатата година. Неговиот татко, Алексеј Шавирин, во меѓувреме, се разведе од сопругата (со која беше во брак 13 години), а таа брзо потоа се омажи за неговиот син.

Пред неколку месеци, светот беше шокиран од приказната за маќеа и посинок кои имале сексуални односи, откако таа го израснала од неговата седма година. Сега тие станаа родители!

Руската инфлуенсерка, 35-годишната Марина Балмашева пред 13 години се омажи за сега веќе нејзиниот свекор, 45-годишниот Алексеј, кој имал дете од претходниот брак – седумгодишниот Владимир.

Го воспитувала како свое дете со години, а потоа имала сексуални односи со него. Марина го напуштила Алексеј поради неговиот син, за кого подоцна се омажила, а сега добија и дете.

Она што особено ги шокираше нејзините следбеници на Инстаграм е фактот дека, покажувајќи во една пригода колку ослабела, објавила слика на која позира покрај Владимир кога тој имал 7 години, а таа 22 години.

Марина објави слика на бебето што го доби со својот „посинок – сопруг“ на Инстаграм, а нејзиниот поранешен сопруг, таткото на Владимир, проговори и рече дека тој не им простил за изневерувањето.

„Беа бесрамни. Водеа љубов дури и кога бев дома. Ќе и простев за изневерувањето, ако таа не ме изневери со мојот син. Трчаше кон креветот на мојот син додека спиев, а потоа ќе се вратеше во кревет покрај мене како да ништо не се случило“, рече тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жена со години јаде камења, досега изела над 1.360 килограми

Ана Ололовска

Бизарна смрт во Барселона – човек загинал барајќи си го телефонот во скулптура на диносаурус

Жарко Настоски

Индиска двојка за три години се селела 18 пати поради фобија од лебарки

Ана Ололовска

На денот на свадбата свекрвата дознала дека снаата и е родена ќерка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Само во Јапонија – фирма „купува“ човечки лица за 300 евра и прави морничаво реалистични маски

Жарко Настоски

Индиец се разбудил на сопствениот погреб, но починал утредента

Ана Ололовска