Претставник на Израел на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија во Швајцарија е Јувл Рафаел, која го преживеала нападот на палестинската екстремистичка група Хамас на 7 октомври 2023 година.
Тој ден, 24-годишната девојка била на музичкиот фестивал „Нова“ со пријателите кога напаѓачите на Хамас убија 360 млади луѓе и зедоа 40 заложници.
Пејачката аматерка преживеала, како што вели, криејќи се во засолниште осум часа под мртви тела.
Рафаел го сподели ова искуство додека се натпреваруваше во израелското шоу за таленти HaKokhav HaBa (Следната ѕвезда).
Победата и донесе билет за Базел, Швајцарија, каде во мај ќе се одржи натпреварот за најдобри песни на Европа.
„Не можам да објаснам колку сум возбудена и подготвена! Ви благодарам што ми ја дадовте оваа голема чест и ми верувавте да ја претставувам мојата земја на големата Евровизија во Швајцарија“, рече таа по победата на националниот натпревар.
Рафаел, која вели дека сè уште има шрапнели во главата и ногата од нападот, професионално почнала да пее во 2024 година.
Во финалето на музичкиот натпревар таа ја отпеа песната Dancing Queen од шведскиот бенд Abba, посветувајќи ја на „сите ангели“ убиени на фестивалот.
„Музиката е една од најсилните состојки во мојот процес на лекување“, рече таа за време на натпреварот.
Течно зборува англиски, француски и хебрејски.
Во текот на 2024 година, Рафаел, исто така, зборуваше во Советот на Обединетите нации за човековите права и сопственото искуство да преживее напад.