Превртен колач со јаболка

Од:

Многу интересен колач, посебно поради начинот на подготовка, затоа што е малку поинаков и посебен од оние стандардни рецепти за подотовка на овој вид колачи…

Потребно е:
375 г маргарин, омекнат на собна температура
150 г мелени ореви
150 г мелени бисквити
70 г шеќер
150 г суво грозје
околу 700 г неисчистени јаболка
6 жолчки
12 лажици шеќер
9 лажици вода
300 г брашно
1/2 лажиче прашок за печиво

за шлагот:
6 белки
12 лажици шеќер
прстофат сол

Подготовка:
– Омекнатиот маргарин распоредете го рамномерно на дното на тавата (21х36 см).

– Во еден сад измешајте ги мелените ореви, мелените бисквити, 70 г шеќер и сувото грозје. Оваа смеса распоредете на над маргаринот во тавата.

– Јаболката измијте ги убаво, излупете ги и изрендајте ги на крупната страна на рендето. Исцедете го вишокот сок што ќе го пуштат и распоредете ги и нив во тавата.

– Посебно пенесто изматете ги жолчките со шеќерот, додадете вода и кратко изматете. На крај додадете го брашното со прашокот за печиво во него. Изматете убаво додека не добиете хомогена смеса.

– Смесата истурете ја над јаболката во тавата. Колачот ставете го да се пече во загреана рерна на 180 Целзиусови степени околу 30 минути.

– Печениот колач извадете го од рерна и со остар нож малку одвојте ги краевите на колачот од ѕидовите на тавата. Превртете го колачот на голема чинија за сервирање.

– Сега преминете на подготовка на шлагот од белки. Белките ставете ги во еден сад и додадете им прстофат сол. Ставете ги да се варат на пареа врз друг сад со вода со постојано матење со миксер, прво со средна брзина. Кога белките ќе се запенат постепено почнете да го додавате шеќерот и матете со поголема брзина на миксерот. Ќе ви биде потребно 15-20 минути постојано матење додека да добиете густ шлаг.

– Шлагот распоредете го најгоре на колачот и исечете го на коцки.

– На крај колачот може да го украсите со изрендано чоколадо, по желба.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска