Премиера на „Томб Раидер“ со Викандер, ФХ3Х учествуваа во ефектите

Од:

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на новото продолжение од приказната за Лара Крофт, „Томб Раидер“, кој од вечерва ќе почне да се прикажува во Скопје.

Главната улога на Лара Крофт ја толкува оскаровката Алисија Викандер. Ова е трето продолжение на приказната за Лара Крофт, Во 2001 и продолжението во 2003-та, улогата на Лара ја играше Анџелина Џоли.

Приказната за убавата, паметна и атлетски градена жена, британски археолог и авантурист, којашто се впушта во истражување опасни, антички гробници и рушевини низ целиот свет потекнува од популарната видео – игра „Tomb Raider“ од 1996 година. Според досегашните реакции меѓу фановите, конечно ова продолжение донесува филм кој е исто толку добар како и играта.

Според Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х и извршен продуцент, на овој проект се работело од октомври до јануари оваа година.

– Овој проект ќе биде интересен да се погледне бидејќи Томб Раидер се филмови правени според видео-игра, која го држи рекордот за најуспешен човечки карактер. Гејмерите се остри критичари кога се прави филм според видео-игра, и овој пат, убаво е да се чуе дека критиките се одлични, но најдобро е да погледнете и да оцените сами, изјави Даниловски.

Покрај убавата Швеѓанка Викандер, во филмот настапуваат и Доминик Вест, Валтон Гогонс, Даниел Ву и Кристин Скот Томас, а режијата е на Роар Утаг.

Премирата на филмот е вечерва во 20 часот во Киното Синеплекс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“