Премиера на радиодрамата „Случајно“

Од:

На фрекфенциите на Метрополис радио вечер  во 22 часот премиерно ќе биде емитувана радиодрамата „Случајно“, втора од циклусот радиодрами со кои независниот театар „Theatra“ ја почна својата нова сезона и го промовира проектот „Секаде театар“.

Идејата на проектот е преку текстови на млади и нови автори да се реафирмира радиодрамата како жанр и да се излезе од конвенционалните рамки на театарот.

Автор на „Случајно“ е Дарко Лешески. „Случајно“ е љубовна приказна составена од негови поеми. Драматизацијата ја направија Билјана Радиноска и Сашо Димоски. Читаат Васил Зафричев и Марија Зафирова.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска