Богати и вкусни …
Потребно е:
за палачинките:
1 чаша (од 200 мл) млеко
1 јајце
3 лажици брашно
путер, за премачкување
за филот:
1 главица кромид
250-300 гр мелено месо
1 чаша сецкани печурки од тегла
2 лажици сок од домати
бибер
1 лажиче масло
150 гр кашкавал
Подготовка:
– Помешајте ги сите состојки за палачинките. Од добиената смеса направете палачинки. Готовите палачинки премачкајте ги со путер.
– На масло пропржете го ситно сецканиот кромид. Додадете го меленото месо, печурките, сокот од домати и зачините.
– Од добиениот фил ставете на секоја палачинка и заролајте ја. Забодете ги палачинките со чепкалки за заби и наредете ги во тава.
– Одозгора изрендајте кашкавал и ставете ги во загреана рерна на 200 целзиусови степени малку да се запечат.