„Предизвикувачот на ѓаволот“ Ник Валенда се подготвува да оди по жица над Големиот кањон

Од:

Акробатската легенда Ник Валенда се подготвува да изведе нов подвиг – да го премине Големиот кањон во Колорадо со одење по жица.

Преносот во живо од овој возбудлив настан, во текот на кој „кралот на високите жици“ ќе се обиде без појас да мине над најголемиот и најдлабокиот кањон на светот, на 24. јуни ќе биде емитуван во директен пренос на каналот Дискавери.

Валенда ќе оди на височина на која до сега никогаш не е одено, на 457,2 метри над реката Колорадо, на височина која е поголема од зградата Емпаер стејт билдинг.

nik=wallenda-zica

Во 2012 година Валенда стана првиот човек кој одејќи по жица мина преку Нијагарините водопади од САД во Канада, на височина од 60,96 метри.

-Влогот не може да биде поголем од овој, рече Валенда.

„Единствена работа која стои меѓу мене и земјата е жицата со широчина од пет сантиметри. Едвај чекам на публиката да и го прикажам кањонот каков до сега уште не го виделе“, истакна тој.

Во соопштението на каналот Дискавери се наведува дека овој настан претставува исполнување на животниот сон за 34-годишниот Валенда, како и шанса да му одаде почит на својот чукундедо, легендарниот Карл Валенда, кој умре откако падна од жица во Порторико во 1978 година.

Гранд кањон, една од најпосетуваните американски туристички дестинации, нуди спектакуларна заднина на целиот настан. Преминувањето преку жица ќе се одвива во оддалечениот дел на кањонот, со кој управува здруженито на Навахо индијанците.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска