Милијардерот Бил Гејтс отиде во супермаркет по многу долго време, а тоа го потврди и фактот што тој не ги знаеше „цените за обичните смртници”.
Познатиот мултимилијардер и филантроп неделава гостуваше во популарното шоу на комичарката Елен Деџенерис, па по вообичаените прашања околу неговите први милијарди, следеше и предизвик.
Имено, Гејтс доби задача да погодува цени на производите во супермаркет. Но, како што и се очекуваше тоа е тешка задача за милијардер.
Тој не знаеше ни колку чини прашок за алишта или пак, конец за заби.