Пребрзото јaдење причина за дебелина и метаболички синдром

Од:

Доколку јадете побавно, помали се изгледите да се здебелите, или пак, да ви се појави метаболички синдром (збир на метаболички пореметувања, како што се инсулинска отпорност, собирање масно ткиво кај стомакот, високо ниво на холестерол и висок крвен притисок), пишува „Индепендент“.

Таквата состојба се појавува поради главно брзо консумирање храна, кое предизвикува флуктуација на нивото на шеќер во крвта, што пак, може да резултира со отпорност кон инсулин.

Гликозата е најзначаен извор на енергија, потребен за работата на мускулите, се вели во истражување на група јапонски научници од Универзитетот на Хирошима.

Во 2008. експертите набљудувале 642 мажи и 441 жена на просечна возраст од 51 година, од кои никој немал метаболички синдром. Тие биле поделени во три категории, според брзината на јадење: бавна, умерена, брза.

По пет година, кај 11,6 отсто од третата група, се развил метаболички синдром. Кај „умерените“, тој број изнесува 6,5 проценти, а кај „бавните“ – 2,3 отсто.

– Побавното јадење може да биде клучно за промена на животниот стил која ќе резултира со побавен развој на метаболичкиот синдром, рече авторот на студијата и кардиолог на Универзитетот, д-р Такаѕуки Јамаџи, додавајќи дека се планира слично истражување и меѓу граѓани на САД.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска