Прамен од косата на Ленон продаден за 35.000 долари

Од:

Аукциската куќа „Херитиџ Оукшн“ од Далас на наддавање продаде прамен од косата на Џон Ленон за сума 35.000 долари, јавија американските медиуми.

Праменот, долг десет сантиметри, кој во 1966 година во Хамбург од косата на Ленон го отсекол германскиот фризер Клаус Барук, го купи британскиот колекционер Пол Фрејзер.

– Станува збор за најдолг прамен од косата на Џон Ленон понуден на аукција досега, изјави директорот на аукциската куќа Гери Шрум, додавајќи дека достигна цена одраз на постојаната фасцинација од „Битлси“ и од 50-те години на минатиот век.

На истата аукција, за 30.000 долари е продадена и неискористена влезница за првиот концерт на „Битлси“ во САД од 1964 година.

Би можело да ве интересира

Виолина од 1714 година продадена за 11,25 милиони долари

А1он

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он