Познат актер по 45 години докажа дека мајка му била убиена

Од:

Познатиот холивудски актер Дилан МекДермот познат по своите улоги во сериите „Пракса“, „Али Мекбил“ и филмовите како „Тројца за танго“, по 45 години успеаа да ја докаже вистината за убиството на неговата мајка.

Дилан, кој имал само 5 години кога мајка му била убиена бил индиректен сведок на убиството, кое за жал никогаш до сега не било докажано.

Убиството, пред 4 децении било прогласено за „несреќен случај“ но глумецот, иако никогаш за тоа не проговорил во јавност, не престанал да ја бараа вистината. По 45 години успеал конечно да ја наговори полицијата, повторно да го отвори целиот случај и да разговара со сведоците. Иако главниот осомничен, тогашното момче на неговата мајка Џон Споза е пронајден мртов уште 1972 година, познатито актер одлучил да не се откаже.

Џон Споза бил многу насилен и агресивен човек, кој се бавел со матни работи. На денот на трагедијата, тогаш пет годишниот Дилан го исфрлил од домот. Само неколку минути подоцна пет годишното момче слушнало истрел од пиштол. Истрелот бил фатален за неговата мајка Дијана, но на суд целиот случај бил прогласен за несреќа.

Споза, прво тврдел како го чистел пиштолот и случајно ја застрелал Дијана, за потоа да го смени својот исказ и да каже како мајката на Дилан извршила самоубиство во кујната. Таткото на Споза бил многу влијателен човек со врски во полицијата, и успеал неговиот син никогаш да не биде казнет за убиството на несречната жена.

Случајот по инсистирање на Дилан повторно е отворен, а полициското затајување конечно излегло на виделина. МекДермот изјави дека конечно го пронашол својот мир. „Морав ова да го направам, за конечно по 40 години да можам се да оставам зад себе“ – изјавил Мек Дермот во изјава за американските медиуми.

 

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата